Site Map   | Research   | Mobile   | Contact us   |
Choose language: EN | MK

Scholarship Opportunities
Testimonials

Врз основа на договорот за соработка и стипендирање на постдипломски студии склучен помеѓу Цементарница УСЈЕ АД Скопје и Универзитет Американ Колеџ Скопје, се распишува:

КОНКУРС
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ЦЕЛОСНИ СТИПЕНДИИ ЗА ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ – НАСОКА МЕНАЏМЕНТ
НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ДЕЛОВНА ЕКОНОМИЈА И ОРГАНИЗАЦИСКИ НАУКИ,
УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ



1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Цементарница УСЈЕ АД Скопје e oпштествено одговорна компанија, која меѓу другото, придонесува кон развој на човечкиот капитал и потенцијал во Република Македонија. За таа цел, Цементарница УСЈЕ АД Скопје во соработка со Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС) за академската 2015/2016 година доделува целосни стипендии за постдипломски студии на програма на Факултетот за деловна економија и организациони науки – насока менаџмент.

2. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА
Право на стипендија имаат сите кандидати кои ги исполнуваат следните услови:
1. Да се државјани на Република Македонија или странски државјани со регулиран престој во Република Македонија;
2. Да имаат 240 ЕКТС во текот на студирањето и просек од минимум 8;
3. Одлично познавање англиски јазик;
4. Интерес и посветеност на полето на ангажираност;
5. Висока мотивација и интерес за постдипломски студии.

3. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Кандидатите кои се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат пријава која е објавена на веб страната на Цементарница УСЈЕ и УАКС почнувајќи од 09.10.2015 година до 25.10.2015 година и да ја достават електронски на е-маил адреса: graduate@uacs.edu.mk (телефон за контакт: 2 463 156 / локал 129).

Потребни документи за конкурсот:
1. Копија од потврда за државјанство или регулиран престој во РМ;
2. Копија од уверение за остварени 240 кредити и просек;
3. Потврда за одлично познавање на англиски јазик;
4. Две препораки;
5. Мотивациско писмо и биографија.

Комплетната документација може да се испрати на е-маил адреса graduate@uacs.edu.mk или по пошта најдоцна до 25.10.2015 на адреса:


Универзитет Американ Колеџ Скопје
(Комисија за избор на МБА стипендисти)
Трета Македонска Бригада Бр.60
1000, Скопје
4. Селекција
Селекцијата и рангирањето ќе бидат направени од страна на Цементарница УСЈЕ АД Скопје и Универзитето Американ Колеџ Скопје. Само избраните кандидати за интервју ќе бидат контактирани.

Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.









 
 

Doctor Honoris Causa
 
 


 


 
 
 


 
UPCOMING EVENTS
University American College Skopje
Blvd. Treta makedonska brigada no.60
Skopje 1000, Macedonia

Phone/Fax: +389 2 246 3156

PARTNERS
 
Your Feedback